Скопскиот бенд „Милко“ ќе го промовира својот последен студиски албум насловен „Милко“. Концертната промоција е закажана за сабота, 20 февруари од 22 часот во Младинскиот културен центар во Скопје – денсинг сала „25 Мај“.
Милко се мелодичен инди бенд кој постои од 2006 година и досега имаат издадено два албуми „Луѓе“ и „Милко“, два мини албуми „Don’t let them win“ и „Changes“ и проект албумот „Никотин“ сите за издавачката куќа ПМГ Рекордингс – Скопје.
Албумот е снимен во студиото marryPHAT – Скопје, Mикс и мастеринг Ивица Јанкуловски, продуцент Ивица Јанкуловски и Милко. Фотографија и дизајн на омот Димитар Апостолов – Zewlean.
Милко го сочинуваат Сашо Митревски на гитара и вокал, Стефан Терпини тапани, Филип Поповски бас гитара. Гостин на песната „Ти“, Александар Ников – клавијатури.
На концертната промоција ќе бидат отсвирени скоро сите песни и од претходниот албум „Луѓе“ но и од минатите изданија. За љубителите на носачи на звук, на самиот концерт ќе може да се набави и ЦД од новиот албум по промотивна цена од само 200денари за еден така софистициран сувенир.
Билетите се во претпродажба само на касата на МКЦ по цена од 150 денари, а на денот на концертот по 200 денари.
Новиот албум може да се спушти бесплатно на следниот линк http://www.pmgrecordings.com/discography.php?id=136
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


