Фолк-пејачот Душко Георгиевски го подготвува својот солистички гала концерт, насловен „Свири ми виолино“, според неговата истоимена победничка валандовска песна.
Концертот ќе се одржи на 26 февруари 2016, во киното „Фросина“ во Младински културен центар, со почеток од 20 часот.
Концертниот репертоар на „Свири ми виолино“ ќе биде составен од неговите најпознати песни. На сцената ќе биде придружуван од групата „Фортуна“, а како гости ќе се појават пејачката Благица Хаџи Павловска, харфистката Мерсиха Шукри, мандолинскиот оркестар „Скопје“ под водство на маестро Рамадан Шукри и модераторот на вечерта, актерот Мите Грозданов.
За неговиот имиџ ќе се погрижи модната креаторка Олгица Ѓоргиева, стилистот Владимир Трајковски, додека фотографиите за постерот на концертот се изработени од Горан Десковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст