| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка и ќерка сакаа да станат интернет хит но станаа интернет срамота (фото)

Можеби се сеќавате дека неодамна интернет хит беше фотографијата со три девојки во автомобил,а на која ретко кој можеше да погоди кој е мајката на фотографијата.( тука погледнете ја таа фотографија)

majka-i-cerka-foto-ilyke-1455731876-846403

Фотографијата со трите дами во автомобил  предизвика расправии на интернет и преку ноќ ги претвори во супер ѕвезди,а  оваа мајка (33) и ќерка желни за интернет слава имале план  да постигнат ист ефект.

Но нивниот обид станал комплетен неуспех.

Тие две дале интервју за една телевизија  и кажале дека голем број на луѓе мислат дека се сестри, а не мајка и ќерка.

majka-i-cerka-foto-ilyke-1455731613-846397

Телевизиската емисија во која гостувале сакала на Твитер  да поведе расправија за нивната „сличност“ со зборовите :„Дали се тие сестри или мајка и ќерка? Ние не можеме да решиме“.

мајке

На нивен голем срам, интернетот можеше и тоа како да ја пронајде разликата. Твитер комуната беше жестока во давањето одговори.

-„Вие тоа сериозно или се шегувате?“ , „Дали сте слепи?“, „Време е мајката да продолжи понатаму или ќе го уништи девојчево!“ – се само некои од одговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top