Кинескиот прволигаш Хебеи Чајна и официјално објави дека потпишале договор со фудбалерот на ПСЖ, Езекиел Лавеци.
Следејќи го чекорот на Џексон Мартинез, Рамиреш и Жервињо, сега и Лавеци за отштета од 4 милиони евра се сели во Хебеи Чајна. Договорот на Аргентинецот со францускиот клуб истекуваше на крајот од сезоната, но сега согласно Босмановото правило, постигна договор за преселба во Кина, потпишувајќи договор со Хебеи каде ќе заработува 10 милиони евра по сезона, плус и можност за бонус од 6 милиони евра.
Новиот клуб на Лавеци, кој се избори за место во елитата минатата сезона, откако го објави договорот нагласи дека со овој трансфер очекува Хебеи да се бори за самиот врв во Кина, во новата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.