| четврток, 6 декември 2018 |

Театарот „Војдан Чернодрински“ слави 66 години од одигрување на првата претстава

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утре слави 66 години од формирањето, а тоа ќе го одбележи со претставата „Кирил и Методиј, who are you“ од Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски, која од 19.30 часот ќе биде прикажана на сцената на театарот.

Се работи за претстава која светска премиера имаше во Букурешт, беше прикажана на Ескпонто, а праизведба имаше на Охридско лето. За годишнината билетите ќе бидат бесплатно, а влезници ќе можат да подигнат од билетарницата на театарот.

– Претставата утревечер им ја посветуваме и на актерите од нашиот театар Блаже Алексоски и Благоја Сприкоски-Џумерко, кои починаа меѓу две годишнини. Првиот беше еден од основоположниците на театарот и даде голем придонес за неговиот развој не само како актер, туку и како режисер, додека вториот со години беше еден од водечките актери во ансамблот – вели директорот Тони Чатлески.

Прва претстава која се одиграла на сцената на „Војдан Чернодрински“ е „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Аце Михајловски. Завесата првпат првпат се кренала на 18 февруари 1950 година. Денес е Ансамбл со актери кои суверено владеат на сцената. Досега се потавени над 350 премиери, одиграни се околу 8000 претстави, кои ги гледале речиси два милиони посетители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top