Во момент на невнимание, се удирате и на местото на ударот се појавува дамка со црна боја, која потоа станува зелена, па жолта, на крај смеѓа, пред целосно да исчезне.
За овие промени на бојата задолжен е хемоглобинот, металопротеин кој се наоѓа во црвените крвни зрнца и пренесува кислород.
Откако ќе се удриме, доаѓа до пукање на капиларите, а крвта оди во околното ткиво под површината на кожата. Од надвор тие клетки изгледаат темно сино, поради што модринките прво се многу темни. Потоа, фагоцитите, белите крвни зрнца, доаѓаат да го решат проблемот: хемоглобинот го претвораат во биливердин, поради што модринката станува жолта. Последната фаза на лечењето на повредата која ја спроведуваат фагоцитите е претворањето на билирубинот во хемосидерин, кој се состои од железо од билирубини, па модрицата станува смеѓа. Хемосидеринот потоа полека се апсорбира. Овој интересен процес може да трае многу кратко, но и долго, дури до две недели. Покрај тоа, тој поради гравитацијата може да се помести пониско, објаснува Марк Фишети за Scientific American.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст