| четврток, 6 декември 2018 |

Капиталец: Блаце има овен со четири рогови

Два пара рогови му донесоа голема популарност на овој овен кој е стар една година. Освен тоа што има четири рогови, ништо друго не го прави специјален. Многу брзо стана љубимец на целото село и децата многу сакаат да доаѓаат да си играат со него бидејќи е мирен и необичен на само нему својствен начин.
– Тој е наш љубимец и љубимец на целото село. децата доаѓаат овде да си играат со него, а освен тоа што има четири рогови ништо друго не го прави посебен. Одлучивме да го оставиме за приплод и да видиме какви ќе бидат неговите потомци и дали и тие ќе имаат четири рогови, што за овие животни е мошне редок случај, вели Миодраг Радивојевиќ, сопственик на овој необичен овен.

Интересно е што и мајката на овој овен секоја година, со исклучок на минатата кога тој се роди, на свет носела тројки. Минатата година тој број бил помал за едно јагне, а во овој случај поголем за два рога.

Семејството Радивојевиќ живее во селото Ѓуревац во Блаце, каде имаат семеен имот и се занимаваат со земјоделство. Стадото овци каде се родил и овенот со четири рогови се наоѓа во блиското село Попови. И стадото и целиот имот во ова село Радивојевиќ го наследиле од семејството Николиќ, односно од починатите родители на сопругата на Миодраг, Тања. Нивна желба било донаќинството и понатаму да опстојува и да продолжат таму каде што застанале Николиќ, и тоа го реализирале.

Убавата вест е што овенот со четири рогови ќе биде оставен за приплод, а којзнае можеби и неговите потомци ќе имаат по некој рог повеќе. Ветеринарот д-р Слободан Савиќ вели дека до сега несе сретнал со ваква појава. Иако не го има досега видено овенот, претпоставува дека станува збор за некакво пореметување во развојот на коските на главата или за генетска мутација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top