Српски полицаец е повреден при напад од страна на ирачки мигрант, кого се обидел да го спречи да изврши кражба во центарот на Белград, објави белградскиот весник „Блиц“.
Полицаецот минувал покрај продавницата во која мигрантот заканувајќи му се на продавачот со остар предмет, украл мобилен телефон.
Полицаецот го пресретнал мигрантот, кој му пружил отпор и го нападнал, при што двајцата паднале врз стаклен излог.
При тоа и двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени со брза помош во Ургентниот центар во Белград.
Ирачкиот мигрант е уапсен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.