Транспортен авион што превезувал јужноафрикански пари-рандови, е задржан на аеродромот во главниот град на Зимбабве, Хараре, откако во внатрешноста на авионот е откриен труп на мртов човек.
Авионските власти во оваа источноафриканска земја, изјавиле за локалниот весник „Хералд“ дека станува збор за случај што сега е во надлежност на полицијата.
Засега не се знае кој е мртовецот, ниту како се нашол во авионот, освен што дирекорот на агенцијата за цивилно воздухопловство на Зимбабве, Дејвид Чавота изјавил дека парите во запрениот авион ѝ припаѓаат на банката „Ризерв“ од Јужна Африка.
Банката потврди дека станува збор за транспорт со нејзини пари, но дека не знае како во него се нашол и еден човечки труп.
Авионот, кој е регистрин на една фирма од Флорида во САД, летал од Германија за Јужна Африка. На властите на Зимбабве им побарал дозвола за слетување во Хараре, за да наполни гориво.
Полицијата интервенирала кога придружниците на летот откриле крв во леталото, а потоа и мртво тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст