| четврток, 6 декември 2018 |

Се заканувал дека ќе ја запали куќата ако не му дадат пари

Вчеравечер околу 22.00 часот во с.Слупчане, Kумановско, Н.М. (32)  со сериозна закана ги малтретирал членовите во семејството. Тој барал пари во куќата и се заканувал дека доколку не му дадат пари  ќе ја запали куќата. Н.М. почнал да крши внатре, а откако  му дале  100 евра се заканил на мајка си дека ако татко му не пушти пари преку „Вестерн унион“ ќе ја запали куќата.

Настанот во полиција го пријавила неговата сестра С.М.

Полициски службеници излегле на местото на настанот по што истиот е приведен во  полициска станица и ќе биде задржан се до целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top