| четврток, 6 декември 2018 |

Седум награди за македонските готвачи на интернационален фестивал во Истанбул (галерија)

-„Гастромак“ се врати во Македонија со три златни, три сребрени и „Гран при“, сребрен медал од Истанбул. Се гордеам со вас соколи македонски, напиша Андријана Алачки на својот профил на „Фејсбук“, која беше дел од тимот што нѐ претстави на четиринаесеттиот  интернационален гастрономски фестивал во Истанбул.

12717719_1223823120966555_1377928690553497604_n

Македонскиот национален тим се врати со седум награди. Во поединечна конкуренција освоени се три златни медали и три сребрени медали.  Во екипното натпреварување за наградата Гранд прикс, македонскиот тим го освои сребрениот медал.

12745890_1223822710966596_6189853748689514274_n

Истанбул 2016 е еден од најголемите интернационални фестивали со пропозиции по стандардите на ВАЦС – Ворлд асосиејшн оф чифс сосајатис, во организација на ВАЦС и ЦОЦФЕД – Кукс енд чифс федерејшн оф Турки. Годинава во трите натпреварувачки дена своето знаење и вештини го презентираа 2.000 готвачи и шефови на кујни од 23 земји-учеснички распоредени во 70 различни категории екипно и поединечно. За рангирењето и за изборот на најдобрите ќе се погрижат 100 интернационални судии.

12742411_1223823200966547_1201334056448234608_n

Македонскиот тим се натпреваруваше во конкуренција на готвачи и на шефови на кујни од 23 земји-учеснички на годинашниот натпревар и тоа од Турција, Албанија, Азејбејџан, Бугарија, Хрватска, Грузија, Германија, Ирак, Иран, Израел, Кипар, Кореја, Мароко, Монголија, Нигерија, Пакистан, Романија, Србија, Шведска, Танзанија, Велика Британија и САД.

12742107_1223822867633247_79336443604715809_n

Љупчо Гиевски, заменик претседателот на ГАСТРО МАК, шеф на кујна во хотел Александар Палас, на фестивалот по гастрономија – Истанбул 2016 беше меѓународен судија во повеќе категории и доби признание во вид на плакета за придонесот во реализацијата и квалитетот на работењето на судиските тимови во кои учествуваше.

12742003_1223823250966542_5458137134634215906_n

За најголемата награда „Гранд прикс“ Истанбул 2016, во екипното натпреварување македонскиот национален тим го освои сребрениот медал. Тимот го сочинуваа тројца натпреварувачи, капитенот Никола Мишковски шеф на кујна во ресторан „Камник“, Марк Де Јонг шеф на кујна и интернационален консалтинг и Зоран Андонов шеф на кујна во ресторан „Албис“ Гостивар.

12717719_1223822987633235_3925556249676702998_n

Пропозициите налагаат во 90 минути тројцата натпреварувачи од тимот да подготват предјадење, главно јадење и десерт. Продуктите што се дадени од страна на организаторот не им се однапред познати на натпреварувачите. Освен подготвувањето на храната тие се должни да го напишат и рецептот на подготвените јадења. Се сервираат по две порции, една за презентација и една за дегустација пред интернационалното жири.

12715278_1223822684299932_3482567383031629134_n

Во Поединечна конкуренција однапред се одбираат категоријата и продуктите. Натпреварувачите имаат 30 минути за да ги подготват двете порции за презентација и за оценување од страна на меѓународните судии и порција за презентација пред публиката на натпреварот.

12687976_1223823060966561_6003235650620302351_n

Во поединечна конкуренција високите одличја ги освоија:

– Зоран Андонов, шеф на кујна во ресторан „Албис3 Гостивар – Златен медал во категорија подготвување јагнешко.
– Марк Де Јонг, шеф на кујна и интернационален консалтинг – Златен медал во категоријата модерна кујна.
– Бобан Билбиловски, шеф на кујна во ресторан „Електра гарден“ Тетово – Златен медал во категорија подготвување риба.
-Никола Мишковски, шеф на кујна во ресторан „Камник“ – Сребрен медал во категорија подготвување риба.
– Бобан Симоновски шеф, на кујна во ресторан „Скара-бар“ – Сребрени медали во двете категории во кои се натпреваруваше, во категориите риба и јагнешко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top