В четврток, на 18 февруари во 20 часот во кино „Фросина“ во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоција на новата поетска книга на Лидија Димковска „Црно на бело“ во издание на „Или-или“.
За книгата ќе зборуваат Елизабета Шелева, Оливера Ќорвезироска и Гоце Смилевски.
Димковска е македонски поет, прозаист, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач. Таа е добитник на наградата на „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга. Нејзиниот прв роман „Скриена камера“ ја доби наградата на ДПМ „Стале Попов“ за најдобар роман. Исто така, оваа награда ја добила и за својот роман „Резервен живот“, објавен во 2012 година од издавачката куќа „Или-или“. За романот „Резервен живот“, во 2013 година, Димковска ја добила и наградата за литература на Европска унија. Во мај 2015 година, во рамките на пролетниот саем на книгата во Софија бил претставен бугарскиот превод на романот „Резервен живот“, објавен од издавачката куќа „Колибри“ од Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст