Сириските Курди и нивните арапски сојузници синоќа го зазеле Тал Рифат, клучниот бастион на бунтовниците во провинцијата Алепо, соопшти опозициската сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
Сирискиот демократски фронт, СДФ, алијансата на курдските и арапските борци, ја презеде контролата над градот во главно од исламистичките бунтовници. До тој успех дошло и покрај тоа што Турција ја гранатирала околината на градот во настојување да спречи напредок на силите на Курдите и нивните сојузници.
На бунтовниците во провинцијата Алепо им останале уште неколку локации, вклучувајќи ги и градовите Мареа и Азиз.
Во останатите делови од провинцијата отпорот на бунтовниците главно е скршен од големите операции на владините сили поддржани од руската авијација, но и од напредувањето на Сирискиот демократски фронт.
Минатите денови фронтот ја зазеде воздухопловната база Миниг, додека владините сили практично го опколија источниот дел на Алепо кој сè уште е под контрола на бунтовниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст