| четврток, 6 декември 2018 |

Девојки внимавајте: Ова може да ви се случи на Сретение!

Празникот Сретение се слави од 554. година како спомен на денот кога Богородица за првпат го вовела во храмот новородениот Исус за да му го посвети на Бога. Сретение е еден од најсвечените настани во литургијата, една од најмилозвучните молитви, а овој празник во времето на царот Јустинијан е прогласен за молитва за да престанат големите несреќи и молба до Бога земјотресите и болестите да исчезнат.

Според овој ден се проценува колку уште останало до пролет. Се верува дека денешниот ден укажува колку уште ќе трае зимата, а тоа зависи од тоа дали мечката на Сретение ќе излезе од својата пештера и ќе си ја види сенката.

Еден од обичаите на Сретение задолжително се палат свеќи, бидејќи се верува дека пламенот од свеќата ја штити куќата од громови и други несреќи, но и дека има волшебна моќ.

Најинтересно од сите верувања за Сретение е дека младите девојки треба да внимаваат денес кого прв ќе го сретнат наутро, бидејќи младоженецот ќе им биде токму таков според изглед и карактер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top