Колку гласови се спорни според обвинението на Специјалното јавно обвинителство во случајот кои тие го нарекоа „Титаник“?! Оваа бројка не беше изнесена на долгата прес-конференција која во петокот минатата недела ја држеше СЈО. Ниту Катица Јанева, ниту Ленче Ристоска, ниту Фатиме Фетаи не споменаа бројка на гласачи кои според нив се спорни. Курир, повикувајќи се на информации добиени од нивни извори објави дека се работи за бројка од 1.400 лица. Според порталот СЈО навело имиња на околу 1.400 лица, македонски државјани кои биле на избирачките списоци во Скопје, Кичево и Ресен.
Разликата во освоените гласови меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во континуитет се движи од 150.000 до 200.000 гласа разлика. На пример по вториот круг од претседателските избори 2014 година кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов доби 534.910 гласа, наспроти 398.077 гласа за Стево Пендаровски. Тоа е разлика од 136.833 гласа. Или во превод би значело дека според обвинението на СЈО таа разлика ќе изнесувала 135.433 гласа, односно 1.400 гласа помалку. И за локалните избори разликата е слична. За парламентарните избори разликата 197.660 гласа. Според бизарното тврдење на СЈО, осомничените вметнале во список 1.400 имиња, односно таа разлика ќе била 196.260 гласа.
1400 гласа според информациите на Курир биле спорни за обвинителството. Овие бројќи би биле вака, доколку сите овие наводно оспорени гласови заминале на контото на ВМРО-ДПМНЕ.
Свесни за овој факт, сценаристите кои го пишувале договорот намерно ја изоставиле бројката од 1.400 лица, бидејќи со тоа знаеле дека целата манипулација со која што Заев сака да го оспори легитимитетот на ВМРО ДПМНЕ и да избега од избори паѓа во вода.
Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, говорејќи во врска со неговото приведување минатата недела изјави:
-На некој му сметало дека сум бил симпатизер на некоја политичка партија, а не разбрав како е работата. Слушнав обвинителката како вели дека мора да се стави мерка притвор бидејќи ќе имало избори во Македонија, а јас повторно ќе сум влијаел. Како да сум бил толку моќен да влијаам во резултатите од изборите во Република Македонија, бидејќи обвде има доста Македонци, за жал, кои немаат информации за Македонците во Пустец, Албанија. Си мислат дека ќе најдат некоја жена на времето која питала или се прости, не знаат дека ние сме со натпросечно образование и ја пратиме политиката. Не може на никој од Пустец да му се каже дека тие од Пустец ќе го расипат резултатот, а се знае дека разликата од позицијата и опозицијата е 200.000 гласови. Обвинението е дека сум влијаел во избирачкиот процес, врбување на луѓе. И плус, поткупување. Тие се сомненија, нема обвиненија, истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.