Специјалната обвинителка Фатиме го уапси без судски налог Едмонд Темелко, икона на македонскиот национален идентитет, и во Албанија и тука. Кога покрај толку спецобвинители Македонци некој ја наместил токму Фатиме да покажува таква бруталност и беззаконие кон икона на Македонците, тоа не оди на добро – пишува уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас во својата последна колумна насловена Мортиша, објавена во дневниот весник Вечер.
Латас додава:
Гревот на Едмонд Темелко е што агитирал за ВМРО-ДПМНЕ, а гревот на граѓаните од Пустец со македонски пасош е што гласале за таа партија. Тоа е политичко обвинение. Ако право на глас имаат Македонците кои, од разни причини, земале бугарски пасоши, кој смее да им забрани на Македонците од Албанија со македонски пасош да гласаат во својата матична држава. Да гласаат за кого сакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.