| четврток, 6 декември 2018 |

Сем Смит со драстична промена на изгледот ги загрижи обожавателите (фото)

Пејачот Сем Смит го освои светот со неговиот волшебен глас но   ретко кој би го познал во  неговото сегашно издание.

сем насловна

Откако се појави на сцената, неговите „вишок килограми“ сите брзо ги засакавме, токму како и него. Но, тој реши да ги изненади сите па така неодамна сподели фотографија на неговиот налог на Инстаграм со која се пофалил со новата вита става но и брада.

сем 3

Пејачот намалил шест килограми за само 14 дена и се тоа со помош на новата нутриционистичка книга која сега му е омилена литература.

Сепак, на неговите обожаватели не им се допадна оваа драстична промена, а некои дури и се загрижиле за неговото здравје.

Screenshot_1

-„Повеќе не личи на себе“ , „Зошто Сем толку ослабел, да не е болен“, „Сега ќе исчезне и неговиот глас“- се некои од коментарите.

Screenshot_2

Пејачот во едно интервју објаснил дека тој едноставно ја обожува храната.

-Постојано сум во движење, но не можам да се сопрам и постојано јадам. Ќе биде тоа војна која е водам целиот живот. Не се работи за диета која ме убива. Кога сакам да изедам нешто лошо, го јадам, но не како порано. Сакам да јадам похувано пилешко и ми нема помош- изјавил Сем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top