Вечерва, со почеток во 20 часот, Младинското драмско студио „Чин 4 Сцена 5“, при ЦК „Марко Цепенков“, премиерно ќе ја прикаже претставата „Враќање“ од Харолд Пинтер во режија на Андреј Богатиноски.
Во претставата играат Дарко Карбески, Марио Стојаноски, Александар Аризанкоски, Исидор Јованоски, Гоце Трајкоски и Наталија Ристеска. Музиката е на Дамјан Чкатроски, а светлото на Јордан Чавлески.
„Враќање“ е камерна претстава за 100 луѓе. Тоа е театар на апсурд, со идеја и коментар за сексуалната доминација на жената врз мажот во современото општество.
– Битката за доминација од секогаш била водена меѓу припадниците на машката популација. Прашање за тоа кој ќе ја носи круната на главата или ќе седи на величенствениот престол. Цела историја е низа на такви битки, во кој токму само мажите ја имале главната улога. Но, што ако, можеби и само можеби, малото фустанче со нејзините црвени прерамки ги има замешано сите работи што се случувале или ќе се случуваат… Што ако круната се наоѓала на нејзината глава, а не на неговата… Сексуалноста и доминацијата…… Иста работа? – вели режисерот Богатиноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст