| четврток, 6 декември 2018 |

Улица и плоштад во Сараево ќе го носат името Тоше Проески

Една улица и еден плоштад во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, ќе го носат името на македонската поп-ѕвезда Тоше Проески. Не е исклучена можноста и еден културен центар во Сараево да биде именуван по Тоше Проески.

tose

Оваа по иницијатива на македонскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Рами Реџепи, а во соработка со градоначалникот на Сараево, Иво Комшиќ, кој го поддржал предлогот една улица и плоштад во градот да го носат името на прерано починатата македонска ѕвезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top