| четврток, 6 декември 2018 |

Балетот „Жизел“ в петок во МОБ

В петок, 19 февруари, со почеток во 20 часот, во Македонската oпера и балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“. Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од  ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.
Во „Жизел“ ќе настапат: Примабалерината Александра Мијалкова, во насловната улога, Алберт: Васил Чичијашвили (Грузија), Хиларион:Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта: Ивана Коцевска, Селско Па де де:Андријана Јаневска и Игор Веланоски              .
Настапуваат солисти, балетскиот  ансамбл и оркестарот на МОБ.
Кореограф е Леонид Лавровски (Русија), а диригент е Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top