| четврток, 6 декември 2018 |

Едмонд Темелко: Полицијата и началникот на Битола се однесуваа како грчките полицајци во минатото

temelko-sitel3

Началникот дури не сакаше да ми даде да ги земам со мене лековите. Бев приведен без судски налог и не дадов никаков отпор бидејќи немам направено никакво кривично дело, вели единствениот градоначалник Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, градоначалник на Општина Пустец кој што гостуваше во утринската емисија на Сител телевизија. Граѓаните се иснтересираа дали постоел судски налог за апсење, а Темелко одговори дека таков налог немало и тоа е најголемата грешка по бруталното влегување во домот.

– Тоа е факт. Полицијата не ми даде никаков документ, ми дадоа само да потпишам дека сум приведен во полциската станица во Ресен, тоа не може никој да го негира. Побарав, ми го покажаа само документот од СЈО. Свесен сум дека немам направено никакво кривично дело и не дадов никаков отпор, само го замолив началникот да ми дозволи да се облечам бидејќи бев во пижами. Дури и тоа не го дозволуваше, да се напијам лекови. Дури не сакаше да ми даде да ги земам со мене лековите. Тоа беше нечовечко и нехумано однесување без одредена документација- вели Темелко и додава дека е достапен за сите институции.
Опишувајќи го однесувањето на полицијата, а особено на началникот од Битола, Едмонд Темелко го спореди со грчките полицајци од минатото.

-Начинот на однесување на полицијата посебно на началникот на Битола наликуваше на, старите кај нас велат кокорофилак, а тоа е грчки полицаец од минатото- истакна Темелко, прераскажувајќи ја голготата низ која минале тој и неговото семејство кога полицијата му заѕвонила на вратата од неговиот дом.

-Без да покаже ни налог ни ништо, ѕвони на вратата и излегува жена ми, кои сте вие праша жена ми, а од таму велат отвори, без да каже ни полиција ни ништо. Жена ми им ја турна вратата, се исплаши, вели кои се овие непознати луѓе. Почнаа да тропаат силно на вратата, а јас и викам кој сака нека биде отвори. После кажаа дека се полиција и извадија значка. Дури не ме оставаше ниту да се облечам, по мене идеше. Јас одам во купатило, тој по мене иде, јас му велам абе човек од трет спрат кај може да избегам, чекај ќе дојдам. „Ќе видиш ти, ќе видиш ти“, само тоа го повторуваше. Без никаков налог беше, а јас го прашав дали има или нема документ, како доаѓа да ме уапси- додаде Темелко.
temelko sitel1

Потенцирајќи дека началникот му покажал само еден документ потпишан од Специјално јавно обвинителство на кој пишувало да се лиши од слобода, Темелко, на прашање на гледач дали имало судски налог за апсење, градоначалникот на Пустец, Албанија, рече дека таков налог немало и тоа е најголемата грешка по бруталното влегување во домот.

– Тоа е факт. Полицијата не ми даде никаков документ, ми дадоа само да потпишам дека сум приведен во полциската станица во Ресен, тоа не може никој да го негира. Побарав, ми го покажаа само документот од СЈО. Свесен сум дека немам направено никакво кривично дело и не дадов никаков отпор, само го замолив началникот да ми дозволи да се облечам бидејќи бев во пижами. Дури и тоа не го дозволуваше, да се напијам лекови. Дури не сакаше да ми даде да ги земам со мене лековите. Тоа беше нечовечко и нехумано однесување без одредена документација- вели Темелко и додава дека е достапен за сите институции.

Зборувајќи за општина Пустец, Едмонд Темелко, истакна дека од година на година се променуваат условите за живот во општината, како и дека досегашните случување нема да ги поколебаат гласачите да излезат на избори.
-Многу државјани од Македонија, особено новинари, кои одеа порано, знаеја во каква општина доаѓаат, без асфалт… Во влезот немаше ни зграда на граничен премин. Сега сликата е променета, иако има многу други проблеми што треба да се решат за подобар живот на Македонците. Ние направивме и многу успеси за унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. Сите Македонци во Албанија, во Пустец, се чувствуваа навредени од чинот на моето апсење, над 90 проценти од жителите мислат дека тоа го направија за да ги заплашат, дека ќе им се случи истото како и мене ако одат да гласаат. Така го примија тоа, но ние сме тука, да ги охрабриме да не се плашат, тоа се работи што ќе поминат. Ние не сме Македонци откако се создаде некоја политичка партија во Република Македонија, ние сме старо родени Македонци и пред да има тука партии и лидери и така ќе останеме, тука нема да не поколеба да сме тоа што сме и да продолжиме понатаму- истакна градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко при гостувањто во утринската емисија на Сител телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top