Претседавачот со Претседателствот на Босна и Херцеговина Драган Човиќ денеска му го предаде барањето за членство во Европска унија на холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс, чијашто земја претседава со ЕУ.
– Со гордост можам веродостојно да кажам дека го подготвивме сето тоа што го ветивме последната година за денеска да го предадеме барањето за членство во ЕУ. Сигурен сум дека овој пат нема да биде нималку лесен за сите нас – истакна Човиќ.
Тој нагласи дека се надева на позитивен одговор од ЕУ и дека следната година БиХ би добила статус на кандидат за членство во Унијата.
Коендерс вети дека Советот на министри на ЕУ ќе се обрати до БиХ кога ќе види дека е постигнат значителен напредок во спроведување на реформската агенда. Бидете уверени дека Советот на Европа ќе направи сè кога ќе види дека е постигнат напредок. Сега БиХ треба да оствари напредок во реформите.
– Според тоа, иднината на БиХ е во ваши раце во блиска соработка со нас – посочи Коендерс.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини наведе дека ЕУ смета на БиХ и оти Унијата ќе и помогне на земјата н нејзиниот интегративен пат. Таа додаде дека сега сè е во рацете на граѓаните и власта на БиХ. Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави дека граѓаните на БиХ заслужуваат членство во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.