Лиам Нисон неодамна дигна прашина со изјавата дека се забавува со “многу позната жена“.
Во меѓувреме сепак се покажа дека актерот само сакал малку да се забавува. Седум години откако неговата сопруга Наташа Ричардсон почина поради несреќа при скијање, ѕвездата на филмот „Taken” за „Independent” изјави дека продолжил со својот живот и нашол нова љубов. –
– Срам ми е да го кажам нејзиното име, таа е многу позната. Ќе морам да дадам се од себе за неа“ – изјави актерот пред неколку дена.
После оваа објава, социјалните мрежи ба преплавени од обожавателите кои се обидуваа да погодат која е дамата, спомнувајќи ги дури и Ангела Меркел и кралицата Елизабета.
На крајот сепак по се изгледа дошло до недоразбирање, односно Нисон не бил сериозен кога ја дал спорната изјава, пренесува „News.com.au”.
-Во интервјуто поврзано со промоцијата на неговиот документарец, Нисон се пошегува со ирскиот новинар. Комичниот тон, за жал не дојде до израз во печатената форма“ – изјави портпаролот на актерот за магазинот „People”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.