| четврток, 6 декември 2018 |

Колку трае идеалниот секс?

Истражувањата велат дека добриот секс трае обично 13 минути, се над тоа се смета дека е предолго, а под тоа прекратко водење љубов. Во ова идеално време не се смета предиграта, која според препораките на научниците никако не треба да се прескокне нити оддолжи. За сексот да биде успешен, се препорачува што подолга предигра.

seks-735x400

Истражувањето го спровеле членови на здружението за сексуална терапија и истражување, каде учествувале психолози, физиолози, социјални работници и терапевти за брак. Вкупно 34 експерти се согласиле дека најпосакувано траење на сексуалниот однос, почнувајќи од пенетрација до ејакулација од 7 до 13 минути.

И покрај начинот на истражување, многу испитаници сметат дека сексот треба да им трае подолго од 30 минути.

Важно е да се разбијат митовите за повеќечасовниот секс и мажите и жените да се охрабрат од реалните податоци за да се спречи појавата на незадоволство кај партнерот, заклучиле научниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top