Четворицата членови на британската група Viola Beach и нивниот менаџер загинаа во сообраќајна несреќа во Шведска.
Нивниот автомобил „нисан кашкаи“ од мостот во близина на Стокхолм слетал во 25 метри длабокиот канал, во моментот кога средишниот дел на мостот се подигнал за да помине брод под него, па сред патот била отворена дупка. Засега не е познато зошто ги игнорирале светлосните предупредувања. Другите возила биле уредно застанати и чекале.
Во несреќата загинаа членовите на групата Viola Beach и менаџерот, сите на возраст меѓу 20 и 35 години.
Групата во петокот навечер свирела на фестивал во Шведска и членовите се враќале на закажан концерт што требаа да го одржат во Англија.
Групата минатата година го издаде својот прв сингл под наслов „Swings and Waterslides“ и настапи на големите фестивали во Лидс и во Рединг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил