| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Кери: Албанија се движи во вистинската насока

keri
Американскиот државен секретар, Џон Кери, порача во Тирана дека Албанија дава голем придонес во борбата против тероризмот и е партнер на САД во сите активности вперени против екстремистите и терористите.

„Албанија е стабилен партнер на САД. Се навршуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу САД и Албанија , односи кои и понатаму се продлабочуваат. Владата на Албанија и сите Албанци треба да ги реализираат реформите во правниот систем од кој зависи многу развојот на земјата“, порача Кери.

Според него, Албанија е на неопходниот пат во реформите, посебно во однос на тоа што треба да се направи во борбата против криминалот, корупцијата и зацврстувањето на законот и правната држава.

„Албанија се движи во вистинската насока и јас сум убеден дека одговорноста е содржана и во легислативата во однос на борбата против корупцијата.Бев импресиониран со подготовката на законот за лустрација, од пакетот реформи во правосудството, и би сакал да истакнам дека ова е нешто на што политиката треба да работи напорно за да се постигне. Ова бара поддршка од сите албански граѓани. САД е тука, на ваша страна, но на крајот само Албанците може да ги усвојат соодветните закони и да инсистираат на нивното спроведување“, изјави Кери.

Албанскиот премиер, Еди Рама нагласил дека Албанија и сите Албанци за свој најголем сојузник ги имаат САД, за што многу се благодарни.

„Без поддршката на САД, Албанија и Албанците не ќе беа она што се денес во регионот и пошироко. САД и Албанија имаат потпишано документ за стратешка поддршка кој гарантира развој на Албанија. Поддршката на САД дава можност на Албанија да биде фактор на мир и стабилност во регионот“, изјавил Рама.

Посетата на американскиот државен секретар на Тирана траеше неколку часа и во тој период, освен со албанските лидери, според локалните медиуми, треба да се сретне и со министер за надворешни работи Хашим Тачи за да разговараат за политичката криза во Косово, како и за можниот избор на Тачи за нов косовски претседател. За безбедоста на Кери за време на престојот во Тирана ќе се грижеа над 1.500 полицајци, а во рамките на планраните мерки за безбедност се вклучени и припадници на албанската армија, тајната служба ШИШ и на американските безбедносни агенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top