| четврток, 6 декември 2018 |

„Голф“ удри во бетонски ѕид: Едно лице е тешко повредено

soobrakajki

Вчера попладне на локалниот пат с.Челопек-с.Милетино, пред куќата на В.М. се случила сообраќајна незгода во која Е.Ќ.(46) од с. Милетино-Тетово управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски ознаки удрил во бетонски ѕид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил седумдесет и четиригодишниот сопатник А.И.(74) од с.Милетино кој бил пренесен во Клиничкиот ццентар во Тетово. По укажаната лекарска помош тој бил пренесен во УЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од тетовската полиција, од каде информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top