Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Катица Јанева, СДСМ и опозициските експоненти не можат да се помират со тоа што не е притворен единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко.
Откако Катица Јанева си зеде за право да биде историчар и да му наредува на судот во кој правец треба да одлучува за да не пропуштел да се запише во историјата, што претставува срамно и недолично однесување и воедно е досега невиден преседан официјален орган во Република Македонија си зеде за право преку Фејсбук да коментира судски одлуки и да им се заканува што пропуштиле, а што не пропуштиле, Јанева и СЈО вечерва со нова порака на социјалните мрежи.
-Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје. Истрагата продолжува, објавено е во статус пред околу 50 минути на профилот на СЈО.
Дел од сдсмовските експоненти се на иста линија со албанските и косовските медиуми, како и буагрските фашисти кои се радуваа на апсењето на единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко и навиваа Судот да му одреди мерка притвор.
Откако Основниот суд Скопје 1 по сериозната анализа на аргументите утрово одлучи дека не постои никаква основа да му се одреди мерка притвор на Темелко, ниту пак на било кое од преостанатите седум лица, ваквата одлука гневно беше пречекана од СДСМ и нивните експоненти.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми, кој претходно долги години беше член на ЦО на СДСМ, како и претседател на СДММ во Тетово, очигледно е незадоволен од одлуката на Судот да не му определи мерка притвор на Темелко.
-Нема врска што има сериозни факти за вмешаност на Темелко во криминал и зиборна измама, ама не смеел да се апси бидејќи бил единствениот градоначалник Македонец во Албанија. Бре мајката!, напиша Адеми.
Уште еден опозициски експонент, новинарот Саше Димовски со потсмев го коментира ослободувањеѕо на Темелко.
-Кога се следните избори во Пустец да одиме колективно да гласаме за Темелко и по еден ЛАЈК на ФБ да му стиснеме, не за друго оти за МАКЕДОНЕЦ се работи…! А, македонштината правда не ја стига…се додека ја штити раката на ВМРО!, напиша Димовски.
Едмонд Адеми, Саше Димовски и ред други опозициски експоненти размислуваат исто како и медиумите во Косово и Албанија и покажуваат разочараност заради тоа што Македонците во Албанија не останале без својот лидер.
За разлика од нив, останатата јавност изрази огромна поддршка за Едмонд Темелко, кој години наназад се бори за правата на Македонците во Албанија.
-СДСМ го уапси единствениот МАКЕДОНСКИ градоначалник во Албанија. Верушевски на слобода, Едмонд Темелко во притвор? Балансирано, така? Темелко бил МАЛТРЕТИРАН пред очите на мали деца. Типично комунистички. Истата личност што бара притвор за Темелко, пред еден месец бараше ослободување на Верушевски, Напиша Филип Петровски.
– Единствениот Македонец кој до сега успеа да создаде силна организација на Македонците во соседството е Едмонд Темелко… Единствената општина во светот која не е во Грција, а го користи шеснаесет кракото сонце како официјален симбол е Пустец… Таму живеат не повеќе од 3000 наши Македонци, кои денес станаа жртва на лудите умови во Македонија… Татковците и дедовците на овие кои денес си играат со македонштината, пред 60 години ги затвара границите за Македонците од Грција…Овој човек е ја заслужува целата наша поддршка… Поклон за Темелко! Македонците од Албанија, Грција и Бугарија се нераскинлив дел од Македонија!, напиша Илија Димовски.
-Одредени сили кои сакаат да го препарираат регионот според нивните потреби и на штета на македонскиот народ, се плашат од силината на ВМРО ДПМНЕ и огромната подршка на народот, го започнаа сценариото со СЈО. Така Јанева за да ја намали штетата која ја предизвикува Заев го започна сценариото „Титаник“ со кое се обидува да испрати порака на застрашување на македонскиот народ не само во земјата туку и во околните земји, односно на сите кои им даваат апсолутна подршка на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го покажува и приведувањето на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, напиша Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Македонците во Албанија и во светот се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат негово итно и безусловно ослободување и извинување за повреда на честа и угледот! СМК потсетува дека Едмонд Темелко ја ужива довербата на Македонците во Албанија за градоначалник на општина Пустец со три мандати и е најзаслужен за унапредувањето на положбата и правата на Македонците на целата територија на Албанија!
СМК приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и антидржавно однесување, со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија!, стои во соопштението од СМК.
Извор: Денешен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.