Поранешниот селектор на Македонија, Слободан Сантрач, почина денеска на 70-годишна возраст, јавува Радио Телевизија Србија. Српскиот стручњак, кој кратко време седеше на клупата на нашиот национален тим во 2005 година, период во кој забележа една победа и три порази, по што го напушти кормилото на „црвено-жолтите“.
Сантрач во своите играчки денови важеше за извонреден голгетер, кој во дресот на ОФК Београд четири пати ја добиваше наградата за најдобар стрелец во југослвенскиот шампионат.
Тој беше селектор на Југославија од 1994 до 1998 година, а по мундијалот во Франција таа година си замина од кормилото на „сините“ и се пресели во Кина. Покрај во Македонија, тој кратко време работеше и во Саудиска Арабија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст