| четврток, 6 декември 2018 |

Црвени рози за дамите од Карпош: Стевчо Јакимовски по шести пат организираше ручек за Свети Валентајн и Свети Трифун

По повод Денот на љубовта и виното„ Свети Валентајн и Свети Трифун ” градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски приреди ручек за осамените лица и дел од ранливите категории граѓани од општината. При неговата средба со жителите, во знак на почит и грижа за овие лица, карпошанки добија по еден цвет.

– На територија на Карпош имаме пет пензионерски клубови кои ги користат двете пензионерски друштва кои егзистираат во Општината, но, исто така, имаме формирано и социјална слу’ба за стари, изнемоштени и болни лица, со цел да ги посетат и да им помогнат во делот на набавка на прехранбени производи. Јас сум горд и среќен што гледам дека нив тоа им годи, бидејќи денес тие се насмеани и задоволни, а тоа е она што ние како локална самоуправа сакаме да го видиме кај сите нив, рече Јакимовски.

Оваа е шеста по ред хумана традиционална акција, која е во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top