На промоцијата на седумте проекти посветени на младите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски претстави проект „Еден клик“ со кој на студентите ќе им се олеснат обврските на факултетите и ќе се избегнат гужвите на студентски прашања.
-Но, ова однесување не го практикуваат сите, ние сме различни од нашите конкуренти. Тие се добро прочитано четиво, кое граѓаните не го сакаат. Македонија нема време за губење, и затоа ние целиот наш капацитет и време го насочуваме кон креирање и реализирани на проекти и мерки, рече Груевски.
Тој потенцираше дека денеска ќе бидат промовирани 7 мерки и проекти за младите со кои ќе се подобри и унапредни нивната положба.
Првата од нив е насловена како „Еден клик“, а се состои од поедноставување на процедурите и постапките во однос на административните обврски на студентот кон факултетот.
Студентите како што потенцираше Груевски, ќе заштетдат и време и средства, бидејќи услугите кои сега ги добиваат од пултот на студентски прашања ќе може да ги добијат електронски преку компјутер.
-Ова е капитален проект за олеснување на процесот за студирање. Секој студент ќе може да се логира и како регистриран корисник ќе може да пријавуваа испити, да заверуваа семестри, плаќање такси, добивање електронски потврди неопходни при конкурирање за студентски легла… Ќе се избегнат редиците на студентски прашања, чекањето гужви и ќе се намалат трошоците, истакна Груевски и додаде дека на овој начин ќе се избегне и можна корупција.
Ќе се намалат и административните обврски на вработените во високообразовните установите, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Вработените на студентски нема да се заборават, тие ќе ги задржат своите работни места, не треба да се грижат.
Откако ќе бидат направени сите неопходни чекори и подготовки ќе се пристапи кон реализација на проектот на почетокот на 2017 година. За ова ќе бидат инвестирани 18 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови


