| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски објави нови седум мерки и проекти за младите: Поддршка на иновациите и нивно стимулирање

Нови седум мерки и проекти за младите објави денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Eден од проектите е и организирање на саем на средношколски иновации, што ќе значи поддршка на иновациите и нивно стимулирање и оделотворување.

gruevski-merki-za-mladi111

-Во таа насока предвидуваме подршка за најдобрите иновативни проекти на таленитираните ученици, односно поддршка на иновативноста уште од најмали години. Сите млади иноватори од основните и средните училишта врз основа на јавен повик еднаш во текот на годината ќе имаат можност да добијат соодветна логистичка и финансиска подршка за промоција и релизација на својата иновативна идеја, изјави Груевски .

Министерството за образование и наука и Фондот за иновации ќе вршаат рангирање на пристигнатите апликации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top