Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски ја најави мерката „Еден клик“, една од мерките за младите, а се состои од поедноставување на процедурите кон факултетот.
Студентите како што потенцираше Груевски, ќе заштетдат и време и средства, бидејќи услугите кои сега ги добиваат од пултот на студентски прашања ќе може да ги добијат електронски преку компјутер.
-Ова е капитален проект за олеснување на процесот за студирање. Секој студент ќе може да се логира и како регистриран корисник ќе може да пријавуваа испити, да заверуваа семестри, плаќање такси, добивање електронски потврди неопходни при конкурирање за студентски легла… Ќе се избегнат редиците на студентски прашања, чекањето гужви и ќе се намалат трошоците, истакна Груевски и додаде дека на овој начин ќе се избегне и можна корупција.
Ќе се намалат и административните обврски на вработените во високообразовните установите, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Вработените на студентски нема да се заборават, тие ќе ги задржат своите работни места, не треба да се грижат. Откако ќе бидат направени сите неопходни чекори и подготовки ќе се пристапи кон реализација на проектот на почетокот на 2017 година. За ова ќе бидат инвестирани 18 милиони денари – изјави Груевски.
Според лидерот на владејачката партија нивна најголема задача е да им помогнат на младите, да направат проект и мерки кои ќе бидат одговор на нивните проблемите.
– Сакаме да ги промениме нештата кон подобро, а само работата ќе донесе подобро утре. Ваквиот начин на работа не е лесен, а граѓаните најдобро знаат кој и што работи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната промоција на нови мерки за младите.
-Но, ова однесување не го практикуваат сите, ние сме различни од нашите конкуренти. Тие се добро прочитано четиво, кое граѓаните не го сакаат. Македонија нема време за губење, и затоа ние целиот наш капацитет и време го насочуваме кон креирање и реализирани на проекти и мерки, рече Груевски.
Тој потенцираше дека денеска ќе бидат промовирани 7 мерки и проекти за младите со кои ќе се подобри и унапредни нивната положба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


