Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со врховниот командант на НАТО за Европа, генерал Филип Бридлав.
Двајцата соговорници разменија мислење за модернизацијата на АРМ, како и за новите предизвици со кои се соочува нашата војска, посебно во светло на бегалската криза.
Иванов истакна дека АРМ помина низ 17 „МАП-а“ што ја прави најпроверувана армија во историјата на НАТО, и посочи дека евроатлантските интеграции имаат целосен консензус од сите политички партии и целото општество, јави известувачот на МИА.
Во однос на мигрантската и бегалската криза, македонскиот претседател го информираше за состојбата на нашата јужна граница, како и за мерките и активностите кои ги превземаат институциите во справувањето со кризата.
Претседателот Иванов зборуваше со генералот Бридлав и за улогата на АРМ на јужната граница за справуање со последиците од бегалската и мигрантската криза.
Во тој контекст генералот Бридлав, го информираше претседателот Иванов за најновата мисија на НАТО во Егејското Море, насочена кон справување со илегалната миграција.
НАТО генералот изрази благодарност до претседателот Иванов и Република Македонија, за улогата која нашата Армија ја има во мисиите на Алијансата.
Двајцата соговорници се согласија дека високиот степен на соработка меѓу АРМ и силите на НАТО треба да продолжат и во иднина, и дека ништо неможе да ја замени целосната интеграција на Македонија во НАТО која што ќе дојде со полноправно членство во Алијансата.
Исто така разменија мислења за потребата од промена на законите за заштита на границата и идната улогана Армијата во справувањето и превенцијата со заканите во справувањето и превенцијата со заканите и кризите во националните граници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


