| четврток, 6 декември 2018 |

Кројф: Го водам ракот 2-0, но сеуште е прво полувреме

Johan Cruyff

Легендата на холандскиот и на светскиот фудбал воопшто, Јохан Кројф, го задржува позитивното расположение и покрај тешката борба против ракот на белите дробови што му беше дијагностициран пред неколку месеци. Кројф (68 години) е задоволен од текот на најзначајната битка што ја води, јавно искажувајќи благодарност до сите оние кои му помагаат во борбата.

– Резултатите се многу позитивни, благодарение на извонредната работа на докторите, поддршката од сите луѓе што ги среќавам, како и поради мојот позитивен менталитет. Во моментов се чувствувам како да водам со 2-0 против ракот на белите дробови, но ова е само прво полувреме, мечот не е завршен. Како и да е, убеден сум дека и на крајот јас ќе бидам тој што ќе победи – оптимист е Јохан Кројф.

Поранешниот холандски репрезентативец учествуваше во реклама за Каталонскиот Завод за Здравство, изјавувајќи „Фудбалот ми даде се во животот, тутунот за малку се ќе ми земеше“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top