| четврток, 6 декември 2018 |

„Месец на претприемништво“ на техничките факултети од УКИМ

Студентите од четири технички факултети на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ првпат организираат „Месец на претприемништво“ кој ќе почне овој викенд и ќе продолжи во следните два викенда во февруари.

132950426-38116_201621312343

Во организацијата се вклучени студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство и Технолошко-металуршкиот факултет.

Во трите викенда ќе бидат организирани неколку предавања, работилници и панел-дискусии со учество на претстваници на компании, а млади и успешни претприемачи ќе ги споделат своите искуства и совети како студентите да ги реализираат своите бизнис-идеи.

– Целта на настанот е да се поттикне претприемачкиот дух кај студентите своите идеи да ги претворат во реалност, соопшти Студентскиот парламент на ФЕИТ каде што ќе се одржуваат настаните денеска и утре од 12 до 15 часот и во следните два викенда месецов, на  20-ти и 21-ви и на 27-ми и 28 февруари. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top