| четврток, 6 декември 2018 |

Темелко имал здравствени проблеми, а бил приведен пред децата и сопругата

Едмонд Темелко, единствениот македонски градоначалник во Албнија иако имал здравствени проблеми бил приведен од службените лица на МВРИ пред очите на неговите деца и сопруга, објавува порталот „Денешен“.

Какоо што објавува порталот, вчера утрото полицијата по налог на Специјалното јавно обинителство упаднала во домот на Темелко. Иако има и здравствени проблеми и неговата сопруга ги примила дома и без да покажат налог, службените лица од МВР пред очите на неговите деца и сопруга му ставиле лисици на раце и го спровеле кон Скопје.

Светскиот македонски конгрес  (СМК) соопшти дека Македонците во Албанија и во светот се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат негово итно и безусловно ослободување и извинување за повреда на честа и угледот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top