| четврток, 6 декември 2018 |

Совети за одгледување орхидеи

Орхидејата е една од најубавите собни билки. По правило ја купуваме кога е во цвет. Со текот на времето, цветовите отпаѓаат и после долг изминат период – орхидејата не процветува.

Просечната должина на цветање на орхидејата Falenopsis е три месеци. Обично цвета два или три пати годишно. Паузата помеѓу цветањето може да биде одложена и неколку месеци.

За да уживате по честото цветање на оваа билка, ќе ви помогнат следните совети.

Направете температурна разлика за орхидејата: ставете ја саксијата преку ноќ на поладно место (до 15 степени).

-Намалете ја количината на азот во прихраната. Фосфорот треба да има предност, бидејќи, во суштина овој минерал го стимулира цветањето.

-Навлажнувајте го воздухот околу билката.

-Преместете ја саксијата со орхидеја на некое темно место – 5 дена. За три седмици орхидејата треба да пушти пупки. Овој начин е погоден само за возрасни и здрави билки.

-Наместо полевање се препорачува во саксијата со орхидеја да се стават неколку коцки мраз, па така, таа побрзо ќе процвета.

-Ако забележите дека кај нерасцветаната орхидеја активно растат корења и листови, значи дека има одговарачки начин на развој. Додека овој период не заврши, билката нема да процвета. Бидете трпеливи.

Најважната работа – обезбедете и одговарачка нега. Таа сака многу светлина и се плаши од претерана влага. За време на цветањето се полева по малку, двапати седмично, а за време на мирување – доволно е еднаш седмично.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top