| четврток, 6 декември 2018 |

Се шири нова сексуална болест

mikoplazma-888x498cЛекарите предупредуваат дека сé поголем е бројот на заболени од опасната полово пренослива инфекција, за која ретко кој знае дека ја има, а може да остави големи последици не само на гениталиите, туку и да ја загрози плодноста.

Сте слушнале ли за микоплазма? Ако не, знајте дека не сте единствени. Дури и докторите не се премногу запознаени со овие микроби. За жал, се пренесува преку секс, а кај многумина кои имаат микоплазма, симптомите се притаени и не можете да ги препознаете додека нема да биде доцна.

А тогаш обично се јавува крварење од вагината, болка во тестисите, исцедок од пенисот и болка во целиот генитален регион, особено во текот на сексуалниот чин. Последиците на нелечената инфекција се многу полоши.

Се претпоставува дека околу еден посто од луѓето во развиените земји се заразени со оваа бактерија. Кај жените најчесто се манифестира со болен секс, нерегуларно крварење од вагината, неплодност и вонматерична бременост, а кај мажите последиците на инфекцијата се поблаги, но не и безопасни.

Манифестација кај жени:
– најчесто не дава никакви симптоми, а доведува до воспаление на  вагината, цервиксот-грлото на матката, може да се прошири и да доведе и  до пелвична инфламаторно заболување, кое се манифестира со воспаление  на матката и јајчниците. Симптомите се слични како и при кламидија

Манифестација кај мажи:

Најчесто се манифестира при уретрит-воспаление на мочната цевка, со:
– печење или свраб во мочниот канал со слузав ретко гнојав, беличаст или жолтеникав исцедок од пенисот, кој најчесто се јавува само наутро во  вид на една капка.
Покрај тоа може да доведе и до воспаление на простатата, како и на епидидимусот.  Тие ( предизвикувачите ) имаат способност да се прикачат на  сперматозидите поради што овие ја губат својата подвижност и виталност, што преставува причина за намалена можност за оплодување на јајце  клетката-забременување.

infekcija-seks-700x400-630x360Микоплазмата е многу честа, но недоволно истражена полово пренослива болест, предизвикана од микроорганизми кои имаат особини на бактерија, а настануваат во уретрата или во репродуктивниот систем.

Терминот микоплазма всушност се однесува на група бактерии, која вклучува повеќе од 70 различни видови, а само за некои од присутните во организмот на човекот е со сигурност утврдено дека предизвикуваат болести и инфекции кај човекот.

Студија објавена во 2007 година покажува дека инфекцијата која ја предизвикува бактеријата mycoplasma genitalium изгледа дека ја надминала гонорејата по бројот на заболени, така што сега стана третата најзастапена полова болест меѓу младите.

Меѓу адолесцентите кои учествувале во студија за здравјето ширум Америка, 4,2 посто биле инфицирани со кламидија, 2,3 посто со трихомонас, 1 посто со микоплазма и 0,4 посто со гонореја. Слични резултати се објавени и во најнов извештај од Велика Британија, со тоа што не се веќе загрозени само младите, туку и луѓето во средни години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top