| четврток, 6 декември 2018 |

Заев дига споменик на Катица Јанева пред седиштето на СДСМ

zoran-zaev-katica-janeva-1

Воодушевен од денешната прес-конференција на Катица Јанева и поведен од катарзичната еуфорија која го обзеде, лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека отпочнал забрзана постапка за специјален споменик – „од поштовање“  на Катица Јанева пред седиштето на партијата на „Павел Шатев.“ Со солзи радосници во очите, момчето израснато на нивите во Муртино на својот мајчин дијалект во еуфоричен транс соопшти:

-Евааааа, ут гулемио респект за Ката јавих му се на Вицето и кажах му од денеска’ секое едно евро ут квадрат шо ќе улегне у неговиоџеп, да го тргнува за споменико на Катицата! Правдата ќе победе! Нашта правда, друзите кој ги питува! Заеви ќе ја величат и за светица ќе ја прогласат, а с’а за с’асо споменик ќа иврнеме!!! Да живее светица Катица, да живее СЈО, за това се бориме, за влаС, упс, за правда де!!!

Неговиот говор беше пропратен со громогласна акламација на пресреќното членство на СДСМ, кое го подигна Заев на рамена и го однесе во Форт Комуњарс , новото име на најбезбедната во светот тврдина на екс Бихаќка во која со месеци се чуваа снимените разговори, кои таму се размножија и наеднаш од 600 илјади станаа 1.050.000 комада. Заев, сепак, не издржа и се симна за да се докаже пред медиумите, овојпат на скоро литературен јазик.

-Странците ми средија’ да гостувам на многу телевизии , радија и уф весниците, ќе ме гледате ногу, нон-стоп, не се тргнувам од медиумите и ќе и преземам. Ако треба сите 205 миљони ќе и потрошам шо и обрнафме со фамилијата вија години. Ветувам и оти Катица сите шо не мислат ко нас и не се комуњариќе ги затворе. И тој Латас ќе го затворе началникот, сега на Спасовски. И уштепечеесенувинари.

Заев замина со овации и театрално седна под сенката во дворот на екс Бихаќка, каде веќе е ограден плацот за изградба на монументалниот 23-метарски споменик, кој мора да биде барем еден метар повисок од 22-метарскиот споменик на Александар Македонски. Го извади телефонот и овојпат јавно, за инает на сите преку вибер и пиша на сопругата на Чаушот. „Не се секирај, ко шо ти рекоф – нема нишо од тоа, тие шо стојат зад нас средија све. Ко ќе излезе од затвор, а тоа ќе биде брзо, ќе го стаам министер за јавни исправи – ново министерство ќе отворам ко ќе победам. Позз“ – пиша Заев, воздивна гласно и со нескриен занес во очите погледна над себе, засмислувајќи го СПЕЦИЈАЛНИОТ споменикот на Катица.

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

 

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top