Илјадницки ирачки бегалци, кои минатата година стигнаа во Финска, решија да се откажат од барањата за азил и доброволно да се вратат дома. Како причина за тоа ги наведуваат семејните проблеми, но и разочарувањето од животните услови во студената нордиска земја, пренесува „Хина“.
Финска минатата година прими 32.500 баратели на азил, а во 2014 година 3.600 лица.
Две третини од нив беа млади Ирачани, а голем дел од нив го променија мислењето, па од следната недела Финска ќе ги враќа дома со чартер-летови.
Oд барањата за азил досега се откажаа 4.100 лица, а се проценува дека таа бројка и натаму ќе расте.
Поголемиот дел од нив на властите им рекле дека сакаат да се вратат дома поради семејствата, а другите изразиле разочарување од животот во Финска.
– Некои од нив велат дека не им се допаѓа храната овде, премногу им е студено и не се чувствуваат добрдедојдени – вели Мухиадин Хасан, патнички агент што продава 15-20 летови за Багдад секој ден.
Речиси 80 отсто од емигрантите што се враќаат дома се Ирачани, додека да се вратат дома обарале само 22 од 877 Сиријци и 35 oд 5214 Авганистанци во Финска.
Финска, како и другите нордиски земји, неодамна ја стегнаа емиграциската политика, меѓу другото, барајќи работоспособните баратели на азил да работат волонтерска работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст