Три лица се повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случија вчера по македнските патишта.
Првата сообраќајка се случи во 12.30 часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј, во близина на с.Црвевци. Уравувајќи со „опел вектра“, С.Ш. (60) од с.Поповјани, кичевско, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот и неколку пати се превртел. Во незгодата возачот С.Ш. се здобил со тешки телесни повреди (фрактури на ребра и десна подлактица) и по укажаната лекарска помош во кичевската болница во безсвесна состојба е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кичево.
Во 15.00 часот на регионалниот пат Велес-Градско, на местото викано Венуле, се случи сообраќајна незгода во која С.С. (45) од Велес, управувајќи „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата, сопатникот Т.Т. (34) од Велес се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Општа Болница-Велес, исто така е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес.
Половина час подоцна, слична сообраќајна несреќа се случи и на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, каде Е.У. (54) од с.Зајас, кичевско, управувајќи „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата Е.У. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) и по укажаната лекарска помош во болницата Св.Еразмо е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.