| четврток, 6 декември 2018 |

Историска средба на папата Франциск и на рускиот патријарх Кирил

­ Поглаварот на Руската православна црква, патријархот московски и серуски Кирил, пристигна во Хавана во неколкудневна посета на Куба.

papa

На аеродромот во кубанскиот главен град, рускиот патријарх беше пречекан од претседтелот на Куба, Раул Кастро и други виски кубански функционерии.

Патријархот Кирил во кусата изјава дадена на аеродромот рече дека ова не е негова прва посета на Куба.

Засега не е познато какви активности ќе има Кирил во Куба, чиешто население ѝ припаѓа на католичката вероисповед, иако во изминатите 50 години од комунизмот властите форсираа атеизам.

Најзначајниот дел од неговата посета на островот ќе се случи денеска, кога рускиот патријарх ќе се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кој кусо ќе се задржи во Хавана, на својот пат кон Мексико.

Средбата меѓу папата и рускиот патријарх има историско значење, затоа што тоа ќе биде прва средба на еден римски понтиф со поглавар на Руската црква од поделбата на христијанството од пред 962 години.

Средбата ќе се одржи на хаванскиот аеродром „Хозе Марти“, по што е предвидено двајцата црковни великодостојници да потпишат заедничка декларација.

Не се очекуваат никакви спектакуларни резултати од средбата, но се смета за значајно тоа што таа претставува јасен сигнал дека непризнавањето и студенилото во изминатите безмалку илјада години, ќе биде заменето со затоплување на односите и со сосема нови гледања на РПЦ, како најголема праволсана црква, кон Ватикан.

Странски набљудувачи во Хавана оценуваат дека „историската средба“ сигурно е договорена со благослов и со потик од Кремљ и од рускиот претседател Владимир Путин, кој неколкупати го има посетено Ватикан.

Ниту еден папа досега не бил во посета на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top