| четврток, 6 декември 2018 |

Осмодделенци имале орален секс пред своите соученици

Ученици од осмо одделение од едно основно училиште во Белград имале орален секс пред целото одделение, а наставниците и директорот на училиштето се обиделе да го забошотат целиот случај, пренесува поралот „Аваз.ба“.

Ucionica-skola-nastava-620x350

Овој неверојатен скандал се случил уште во декември, а како што пренесува порталот во училиштето наводно се обиделе да се затскрие случајот, додека родителите барале се да се истражи и да се испита.

Родителите на учениците кои приуствувале на вистински „порно-филм“ во училницата, изјавиле дека се шокирани кога нивните деца им раскажале што се случувало.

Еден од родителите изјавил дека неговото дете му раскажало како една негова соученичка пред сите ученици орално го задоволила својот врсник, кој влегол на час кога видел дека наставничката по хемија излегла од училницата и не се вратила половина час. Децата биле во шок од тоа што се случувало. Некои дури се преправале дека не гледале што се случува, некои навивале, а имало и такви кои со своите мобилни телефони снимале се што се случувало.

– Нашите деца долго време молчеа за овој случај, но потоа едно по едно почнаа да ни кажуваат што се случило. Откако се дознавме , повеќе немаме мир. Едно девојче веќе е испишано од училиштето, а и другите родители размислуваат да го направат истото – изјавиле родителите за српскиот портал „Информер.рс“.

Родителите најмногу биле погодени од тоа што наставниците и директорот се обиделе да го забошотат целиот случај.

– На наставничкиот совет веќе се расправаше за секс скандалот, но директорот на училиштето како и повеќето наставници, инсистираа се да се забошоти. Еден од наставниците дури изјави :„Па што кревате толку голема врева, сексот е здрав“ – додале во својата изјава родителите

Девојчето и момчето кое практикувале орален секс пред целото одделение неколку дена не доажале на училиште, но нивните родители потоа негирале се што се случувало. Родителите предупредиле дека е недопустливо овој случај да се „сокрие под  тепих“ бидејќи стравуваат што би можело да се случи следно по овој скандал. Тие порачале дека надлежните мораат под итно да превземат нешто со овој случај.

Директорот на училиштето изјавил дека во тек е постапка која треба да покаже што навистина се случило на часот по хемија. Тој кажал дека за овој случај го известиле Министерството за образование, полицијата, училишната управа како и тимот за превеницја на насилство во училиштата.

Учениците кои се споменуваат како актери во овој немил случај дале изјави во кои тврдат дека ништо не се случило. Но, тоа треба да го утврдат надлежните за овој инцидент.

Во српското министерство за образование изјавиле дека добиле информација дека во едно основно училиште во Белград се случило сексуално насилство. Се наведува дека насилството го извршил ученик од осмо одделение над девојче од иста возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top