| четврток, 6 декември 2018 |

Имам 31 година и сè уште сум невин бидејќи имам премногу голем пенис

Во британски „Мирор” се јавил маж кој имал навистина голем проблем. Навистина голем. Толку голем, што поради него е невин. И неговата мака е споделена повеќе од две илјади пати.
Screenshot_1

„Драга Колин, мојот проблем е навистина голем. Многу мажи сонуваат да имаат голем пенис, но за мене тоа е кошмар. Многу рано сфатив дека пенисот не ми е просечен. Всушност, ми стана јасно уште кога како деца после тренинг одевме на туширање. Сите го коментираа, дури и му дадоа прекар. Звучи одлично, зарем не? Е па, не е, бидејќи имам 31 година и сè уште не сум го употребил. Невин сум.

Најмногу што некоја жена успеала е да ме фати за мојата гордост и да го пушти од страв. Сум пробал и да изнајмам жена за секс, но девојката од агенцијата за придружба ми ги врати парите, се извини и си замина“, се пожалил мажот во британски „Мирор”.

Screenshot_2

Колин, жената која им дава совети на читателите за нивните разни проблеми, имала утешни зборови за него.

-Мислам дека проблемот е во тоа што ти сè уште си невин, па со самото тоа себеси си вршиш притисок. Тој те блокира во тоа што сакаш да го постигнеш.Она што сакам да го кажам е дека – ти верувам, ти имаш навистина голем пенис, но не мислам дека тоа е пресудниот проблем. Мислам дека ти уште од детството си навлекол страв и срам, па со самото тоа се плашиш штом некоја девојка ќе ти пријде. Мислам дека кога ќе ја запознаеш вистинската девојка со која што ќе се чувствуваш пријатно, ќе се ослободиш и ќе можеш да имаш секс. Исто така, можеби ќе ти помогне и терапија или некое советување за да го надминеш овој голем проблем“, го посоветувала Колин, пишува „Мирор”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top