| четврток, 6 декември 2018 |

„Прв до врв“ – Св.Трифун на Водно

Февруарскиот месечник на „Прв до врв“ е закажан за в недела на 14 февруари, а тематски е посветен на виното и на празникот Св. Трифун и ќе се состои од групно планинарење и возење велосипеди до врвот на Водно, како и заедничко дружење на групата на врвот на планината.

Стартот е закажан за 9 часот наутро пред основното училиште „Кочо Рацин“, а потоа околу 11 часот е предвиден делот за дружење и традиционално одбележување на празникот со македонско вино.

Во настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти, рекреативци, а поканети се сите граѓани да учествуваат и да го поминат денот во здрава рекреација на Водно. Целта и на овој месечник во серијата месечни настани во организација на „Прв до врв“, е  да се мобилизираат што повеќе граѓани да учествуваат во заеднички и масовен тренинг и рекреација со искачување на Водно.

Настанот е во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top