| четврток, 6 декември 2018 |

Лековит напиток од кој брзо се слабее

Магични таблети со кои се губи на тежина преку ноќ – не постојат, но затоа постои природна алтернатива на отровните производи и ризични диети.

Ова семе обилува со минерали, витамини и масни киселини. Тие соединенија помагаат во подобрување на дигестијата, олеснато празнење на цревата, контрола врз апетитот, а можат дури и да помогнат во намалување на нивото на шеќерот во крвта.

Во лененото семе се наоѓа и лецитин, кој помага во чистење на цревата. Природните масни киселини во лененото семе му помагаат на вашето тело во борбата против прекумерна телесна тежина.

Состојки:

1 литар зовриена вода

3 лажици ленено семе

Прво зовријте еден литар вода па потоа прелијте преку лененото семе. Чајот приготвувајте го навечер и оставете смесата да преноќи. Најдобро е да користите термос.

Но ако немате, можете да користите било каков сад со капак.

Следното утро процедете ја смесата. Ќе добиете густа течност.

Употреба:

Потребно е да консумирате 150 мл чај, 3-4 пати дневно и тоа половина час пред секој оброк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top