| четврток, 6 декември 2018 |

Мисајловски: До крајот на април шест нови возови

Со набавката на новите шест возови, обновата и изградбата на нови пруги, како и реновирањето на железничките станици, ќе направиме целосна обнова на железницата, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета на Демир Хисар.

Од набавените возови за „МЖ – транспорт“ вчера пристигна вториот, кој ќе сообраќа на  релацијата Скопје – Битола, а, според Мисајловски, во согласност со договорот, до крајот на април годинава во Македонија ќе пристигнат шесте возови.

– Постојано сум информиран за динамиката на изработка и на подготовка на возовите во Кина за Македонија, и тие во нашата држава ќе пристигнат до крајот на април. Освен возовите, ние вршиме рехабилитација и реконструкција на железничките станици на Коридорот-10. Во завршна фаза е и реконструкцијата на железничката станица во Скопје. Како Влада, вложуваме и во изградба на нови пруги со што ќе направиме целосна обнова во железницата – истакна Мисајловски.

Од Министерството за транспорт и за врски информираа дека железничката пруга на релација Битола-Кременица до границата со Република Грција се гради, но со забавено темпо. Министерот Мисајловски најави дека ќе бара од компанијата што го доби тендерот да претстави нов динамички план и да се придржува кон него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top