| четврток, 6 декември 2018 |

Лебот во Скопје поевтин за два до пет денари

– Ќе поевтини лебот во Скопје, најави мелничко-пекарската индустрија.

Цената на лебот ќе се намали за два до пет денари во зависност од грамажата. Причината за поевтинувањето е евтиното српско брашно, кое се увезува на пазарот, објаснуваат од групацијата на мелничари и на пекари, кои апелираа до владата за субвенции од 2,5 денари по откупен килограм за да се амортизираат загубите од, како што велат, скапата домашна пченица. Покрај мелничарите, со свое барање настапија и земјоделците, кои побараа по два денара од килограм пченица.

Од Министерството за земјоделство велат дека се во комуникација со мелничката индустрија и со земјоделците за ова прашање. Одржани се неколку состаноци и се разгледуваат можни решенија на барањата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top