„Обожение“ е играниот филм кој утре и в сабота премиерно од 19 часот ќе се прикажува во кино „Мис Стон“. Филмот е дипломски проект на двајцата режисери Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје, кој е работен во форма на триптих составен од деловите Катарза, Созерцание и Воздигање. Филмот ги следи приказните на ликови кои борејќи се со егзистенцијата ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив.
„Обожение” е филм во времетраење од 75 минути и е проект на двајцата уметници.
Музиката на филмот содржи авторски композиции, кои се дело на големиот македонски композитор и музичар Горан Трајкоски. Во главните улоги се: Петар Горко, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Аневска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Митко Апостоловски, Владимир Ѓорѓијоски, Соња Михајлова, Милан Секулоски, Михајло Миленкоски, Димитар Црцороски и Марио Марковски. Кинематографи на филмот се: Панче Пренџов и Влатко Џикоски; Маска и шминка Сашо Мартиновски, а продуценти на проектот се самите автори Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Претходно проекции на филмот имаше во Битола, а на 19 и 20 февруари и во Кинотека на Македонија, а ќе учествува и на многу престижни фестивали низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст